СЛАТКО-КИСЕЛО ПИЛЕШКО | Брз и лесен рецепт
Tapshanov
0:00 / 0:00
СЛАТКО-КИСЕЛО ПИЛЕШКО | Брз и лесен рецепт
7 370 просмотров · 5 месяцев назад
Tapshanov
22,2 тыс. подписчиков
7 370 просмотров · 5 месяцев назад
Денес подготвуваме едно од најпопуларните јадења – слатко кисело пилешко 🍗
Крцкаво пилешко месо во комбинација со богат слатко-кисел сос, совршено избалансиран вкус кој потсетува на кинески ресторан, но подготвен лесно во домашни услови.
Во ова видео ќе видите чекор по чекор како да направите совршено слатко кисело пилешко, со едноставни состојки и брза подготовка. Овој рецепт е идеален за ручек или вечера кога сакате нешто вкусно, различно и брзо.
👉 Ако ви се допаѓаат вакви рецепти, не заборавајте да се претплатите и да оставите коментар како ви испадна!
📌 Погледнете и други рецепти од нашата кујна:
• KUJNATA na EDIT 🍽️ 👨🍳
Состојки за овој рецепт:
Пилешко
▢ 600 г пилешки гради
▢ 1 лажица соја сос
▢ 4 чешниња лук
▢ 1 парче ѓумбир
▢ 1/2 лажичка сода бикарбона
▢ 1/2 лажичка сол
▢ 1/4 лажичка црн бибер
Пред пржење:
▢ 1 јајце
▢ 60 г пченкарно брашно
▢ зејтин за пржење
СЛАТКО-КИСЕЛ СОС
▢ 1 лажица пченкарно брашно
▢ 1 лажица вода
▢ 1 лажица соја сос
▢ 2 лажици мед (или кафеав шеќер
▢ 60 мл сок од ананас (од конзервата)
▢ 80 мл вински или јаболков оцет
▢ 80 г кечап
ЗЕЛЕНЧУК
▢ 1 кромид
▢ 1 црвен кромид
▢ 1 црвена пиперка
▢ 1 зелена пиперка
▢ 95 г ананас од конзерва
ЗА СЕРВИРАЊЕ
▢ ориз
▢ 1 млад кромид
▢ сусам
⏱️ Timeline:
0:31 подготовка на месото
1:55 подготовка на слатко-киселиот сос
3:24 сечење на зеленчуците
3:50 пржење на пилешкото
5:20 пржење на зеленчуците
6:50 додавање на слатко-киселиот сос
7:17 додавање на прженото пилешко и ананас
8:00 сервирање