Седењето е новото пушење?! Д-р Митов ја открива вистината! #смисла #отецбобан #сестраефимија
SMISLA СМИСЛА и ZaSe Makedonija
0:00 / 0:00
Седењето е новото пушење?! Д-р Митов ја открива вистината! #смисла #отецбобан #сестраефимија
10 501 просмотр · 8 мес. назад
SMISLA СМИСЛА и ZaSe Makedonija
10 501 просмотр · 8 мес. назад
Во новата епизода на поткастот СМИСЛА, со отец Бобан и сестра Ефимија, гостин е докторот и експерт за здрава исхрана Д-р Александар Митов.
Разговараме за смислата на здравата исхрана – дали храната е само гориво за телото или и духовна дисциплина? Што навистина значи да се има здрави навики во современиот начин на живот?
Д-р Митов објаснува зошто седењето по 8 часа дневно се поистоветува со штетноста на пушењето и како оваа „тивка навика“ влијае врз нашето здравје. Кој вид на исхрана е најдобар? Дали постои универзален модел или сè зависи од личниот пристап и балансот?
Во разговорот се осврнуваме и на тоа кои луѓе живеат најдолго во светот и како тие се хранат, што е аутофагија и дали навистина има научна потврда, како и на актуелната тема за инекциите за слабеење и ригорозните диети – дали се решение или краткорочен тренд?
Посебно внимание посветуваме на постењето – од верски и од здравствен аспект. Каде се допираат духовната дисциплина и медицината?
Епизода што ги спојува науката и верата во потрага по вистинската смисла на грижата за телото и душата.
▶️ Следете нè, споделете и приклучете се во разговорот во коментарите.
#СМИСЛА
#Подкаст
#PodcastMacedonia
#ЗдраваИсхрана
#HealthyLifestyle
#ДрАлександарМитов
#ОтецБобан
#СестраЕфимија
#ЗдравиНавики
#Longevity
#BlueZones
#Автофагија
#IntermittentFasting
#Постење
#WeightLoss
#Исхрана
#Здравје
#МенталноЗдравје
#Баланс
#македонија