Перейти к содержимому

Може ли Македонија со победа над Грција да направи голем чекор кон ЕП 2028?

Телма ТВ / Telma TV

0:00 / 0:00

Може ли Македонија со победа над Грција да направи голем чекор кон ЕП 2028?

840 просмотров · 19 ч назад
Телма ТВ / Telma TV
27,9 тыс. подписчиков
840 просмотров · 19 ч назад
Битките меѓу Вардар, Пелистер, Алкалоид и ГРК Охрид се најдобар доказ дека македонската ракометна Суперлига никогаш не била поизедначена и посилна. Овој домашен ракометен оган се пренесува и на национално ниво. Македонската машка ракометна репрезентација веќе има обезбедено пласман на претстојното СП во ракомет во јануари 2027 година, а ќе се одржи во Германија. Но, вистинскиот предизвик за иднината започнува веднаш, бидејќи веќе стартуваа квалификациите за ЕП ’28, чии кодомаќини ќе бидат Шпанија, Португалија и Швајцарија. Македонија со убедлив и моќен старт во овие квалификации го демолира Луксембург со 41-23 во СЦ „Борис Трајковски“. Покрај високата победа, натпреварот донесе и приказна која ја разнежи македонската јавност. Новиот Македонец, натурализираниот лев бек Дмитро Горига, со рака на срце ја испеа македонската химна, влезе на теренот и покажа дека неговото срце веќе чука во црвено-жолта боја. Но, вистинскиот испит доаѓа брзо. В недела, на 8 ноември, во 19:00 часот, во Халкида нè чека жешко и секогаш непријатно гостување против Грција. Дали со свежа крв како Горига и младите сили како Александар Петковски создаваме репрезентација подготвена да го нападне историскиот ракометен врв? Дали селекторот Кирил Лазаров го има победничкиот рецепт за новата ера на македонскиот ракомет?