Momina solza | Hrana i Vino MKD
Hrana i Vino MKD
0:00 / 0:00
Momina solza | Hrana i Vino MKD
16 901 просмотр · 5 л. назад
Hrana i Vino MKD
17,3 тыс. подписчиков
16 901 просмотр · 5 л. назад
МОМИНА СОЛЗА
ЗА ПАНДИШПАН
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1 лажица какао
½ кесичка прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл млеко
5 лажици шеќер
2 кесички прашок за пудинг од ванила
250 г путер
250 г шеќер во прав
100 г кокосово брашно
200 г желе бонбони
ЗА УКРАСУВАЊЕ
300 мл слатка павлака
Потребно време за подготовка на овој десерт е 70- тина минути.
Почнуваме со подготовка на пандишпанот. Во сад за матење ги кршиме јајцата и матиме со миксер. Го додаваме шеќерот и матиме додека не се растопи. Прашокот за печиво го додаваме во садот со брашното и промешуваме. Потоа и брашното го додаваме во садот за матење. Го додаваме какаото и мешаме со лажица додека смесата не се соедини. Ја нанесуваме во правоаголна тава бр 38 обложена со хартија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 20 минути на 200 степени и ја вадиме од рерна.
Почнуваме со подготовка на филот. Во тенџере на оган ставаме 350 мл млеко и го додаваме шеќерот. Во садот со преостанатото млеко го додаваме прашокот за пудинг и мешаме со жица. Потоа непрекинато мешајќи со жицата во зовриеното млеко во тенџерето на оган го додаваме размешаниот пудинг. Откако пудингот ќе ја добие потребната густина го тргаме тенџерето од оган. Оставаме пудингот да се излади. Во сад за матење ги ставаме путерот и шеќерот во прав. Матиме со миксер додека путерот не стане пенест. Го додаваме изладениот пудинг и матиме со миксерот додека смесата не се соедини. Желе бонбоните ситно ги сечкаме и ги додаваме во садот. Го додаваме кокосовото брашно и го промешуваме филот со лажица.
Изладениот пандишпан го вадиме од тавата и му ја одлепуваме хартијата. Го премачкуваме со филот. На средината на пандишпанот висината на филот треба да биде поголема. Со помош на хартијата филуваниот пандишпан го свиткуваме на половина. Ја отстрануваме хартијата и го ставаме ролатот на послужавник.
Во сад за матење со миксер ја матиме слатката павлака додека не ја добие потребната цврстина. Ја ставаме во слаткарска кеса и со изматена павлака го прекриваме целиот ролат. Декорираме со крупно рендана чоколада. Откако ќе се излади го сечеме ролатот на парчиња.
На чинија за сервирање ставаме три парчиња од ролатот Момина солза.
Со овој десерт ви предлагаме да се напиете квалитетно суво бело вино. Се служи на температура од 10-12 степени.
Добар апетит
Subscribe for upcoming recipes:
/ @hranaivinomkd
Follow us:
Facebook: / hranaivino