Перейти к содержимому

РАЈЧИЦА И БИГОРСКИ МАНАСТИР – СКРИЕНИТЕ ПРИКАЗНИ НА ДЕБАРСКИОТ КРАЈ | ДА СИ ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА

ORDER MEDIA • Studio / ОРДЕР МЕДИА • Студио

0:00 / 0:00

РАЈЧИЦА И БИГОРСКИ МАНАСТИР – СКРИЕНИТЕ ПРИКАЗНИ НА ДЕБАРСКИОТ КРАЈ | ДА СИ ЈА САКАМЕ МАКЕДОНИЈА

1 360 просмотров · 19 ч назад
ORDER MEDIA • Studio / ОРДЕР МЕДИА • Студио
1,95 тыс. подписчиков
1 360 просмотров · 19 ч назад
Во оваа епизода на „Да си ја сакаме Македонија“ патуваме во дебарскиот крај и посетуваме две места кои со векови се дел од духовната, културната и историската приказна на Македонија – манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица и манастирот „Свети Јован Бигорски“. Но овојпат приказната ја раскажуваме и низ една лична перспектива. Наш гостин е Томислав Томски, инфлуенсер и човек по потекло од Дебар, кој токму преку овој крај ни помага да го запознаеме местото не само како туристи, туку и од перспектива на некој кому оваа земја му е дел од корените. Во Рајчица ја откриваме приказната за женскиот манастир „Свети Георгиј Победоносец“, неговата историја, обновувањето на монашкиот живот и традицијата на рачна изработка која се продолжува и денес. Потоа продолжуваме кон Свети Јован Бигорски – едно од најпознатите и најзначајни светилишта во Македонија. Манастир со повеќе од илјада години историја, чудотворната икона на Свети Јован Крстител, богата традиција и место кое и денес ги привлекува луѓето од цела Македонија и пошироко. Но Бигорски не го гледаме само од неговата историска страна. Ќе влеземе во манастирскиот двор, ќе ја видиме гостинската соба, сувенирницата и конаците каде посетителите можат да останат подолго и да го почувствуваат мирот на ова место. А по прошетката низ Рајчица и Бигорски, со Томски седнуваме во една автентична куќа на Мијаците, каде што продолжува разговорот за Дебар, Македонија, корените, традицијата и за тоа што значи да ги запознаеме местата што ги имаме пред нос. Зашто понекогаш најубавите приказни не се само во местата што ги посетуваме. Туку во луѓето кои ги носат тие места во себе. 🎥 ВО ЕПИЗОДАТА ЌЕ ГЛЕДАТЕ: 📍 Рајчица ⛪ Манастир „Св. Георгиј Победоносец“ 📍 Св. Јован Бигорски 🏡 Куќа на Мијачите 👤 Томислав Томски – инфлуенсер, со потекло од Дебар Историја, традиција, луѓе и приказни од дебарскиот крај Да си ја сакаме Македонија. ❤️ Следете го серијалот и запознајте ја Македонија преку нејзините места, луѓе, приказни и традиции. ORDER MEDIA 🎬 Продукција: Order Media Studio 📲 Facebook: www.facebook.com/ordermedia 📸 Instagram: www.instagram.com./ordermedia.mk 🌐 Website: www.media.order.mk