Перейти к содержимому

ФАРИЗИ РАСПАЛИ: „НИ ВЕТУВАА МИЛИЈАРДИ СО НАТО – А ПРИДОБИВКИТЕ НИКАКВИ!“

Mакедонски корени ЈБ /Makedonski koreni JB

0:00 / 0:00

ФАРИЗИ РАСПАЛИ: „НИ ВЕТУВАА МИЛИЈАРДИ СО НАТО – А ПРИДОБИВКИТЕ НИКАКВИ!“

438 просмотров · 7 часов назад
Mакедонски корени ЈБ /Makedonski koreni JB
1,32 тыс. подписчиков
438 просмотров · 7 часов назад
@mmakedonskikorenijb9559 Ја плативме ли превисока цената за НАТО? Што доби Македонија по членството во НАТО и дали цената што ја плативме со промената на името навистина беше оправдана? Во интервјуто со Љуљзим Фаризи отворивме едно од најчувствителните прашања за македонската надворешна политика. Во интервјуто со политичкиот аналитичар Љуљзим Фаризи разговараме за геополитичките промени во Европа, Бледскиот стратешки форум, позицијата на Македонија во НАТО и нејзината европска перспектива. Фаризи отворено ја проблематизира политиката што доведе до членството на Македонија во НАТО и промената на името на државата. Според него, на граѓаните им биле претставувани големи економски придобивки од членството, но реалноста, како што оценува тој, не ги оправдала тие очекувања. Во разговорот зборуваме и за тоа дали Македонија ја плати превисока цената за своето членство во НАТО, што реално доби од Алијансата, дали безбедносната придобивка може да се мери со политичката цена на промената на името и дали земјата денес треба поинаку да ја постави својата надворешна политика. Посебно внимание посветивме и на Коридорите 8 и 10, енергетската безбедност, геостратешката позиција на Македонија и можноста земјата да стане значаен транспортен и енергетски коридор меѓу Западот и Истокот. Со Фаризи разговараме и за Европската Унија, блокадата од Бугарија, новата геополитичка реалност и прашањето дали Македонија треба да брза кон ЕУ или да ги штити своите интереси и да не прифаќа услови „под секоја цена“. Ова е разговор за НАТО, името, ЕУ, македонската геополитичка позиција и изборите што ја очекуваат Македонија во новата европска и светска реалност. Во интервјуто Фаризи зборува и за Охридскиот рамковен договор, 35 години независност, демографскиот пад, внатрешните политички поделби и иднината на македонското општество. Погледнете го целото интервју и слушнете ги аргументите на Фаризи за тоа каде се наоѓа Македонија денес и каде може да оди утре. Дали Македонија навистина ја доби цената што ја плати? Има ли Македонија своја геополитичка стратегија или само ги следи туѓите? #ЉуљзимФаризи #Македонија #НАТО #ЕУ #МакедонскиКорени #Геополитика #МакедонскоПрашање