Буба Бу: Буба оди на пазар
Буба Бу
0:00 / 0:00
Буба Бу: Буба оди на пазар
42 550 просмотров · 1 месяц назад
Буба Бу
1,6 тыс. подписчиков
42 550 просмотров · 1 месяц назад
Добредојдовте во уште една авантура со Буба Бу! 🤍
Во ова видео Буба се подготвува за на пазар, купува свежо овошје и зеленчук, се враќа дома, ги мие рацете и внимателно ги сортира намирниците.
Иако изгледа како едноставна секојдневна активност, токму ваквите сцени им помагаат на децата подобро да го разбираат светот околу себе.
🍎 Помалите дечиња ќе учат да препознаваат различни овошја и зеленчуци, ќе го збогатуваат својот речник и ќе ги поврзуваат зборовите со предметите што ги гледаат.
🥕 Поголемите деца ќе можат да вежбаат класификација, да ги групираат овошјата и зеленчуците и да ги следат чекорите во една секојдневна рутина.
Како и целата содржина на Буба Бу, и ова видео е создадено во соработка со експерт за детски развој. Без брзи промени на кадри, без прегласни ефекти и со сцени инспирирани од реалниот живот, за пријатно и смирено искуство пред екранот.
🎼 Во позадина ќе уживате во оригинална класична музика, специјално компонирана за Буба Бу од Александар Митевски, која создава мирна атмосфера и за најмалите, но и за повозрасните гледачи.
Доколку ви се допаѓа ваков тип на едукативна и нискостимулативна содржина, претплатете се на каналот и придружете ни се во новите авантури на Буба Бу!