Перейти к содержимому

Буба Бу: Училница [Просторни односи]

Буба Бу

0:00 / 0:00

Буба Бу: Училница [Просторни односи]

16 906 просмотров · 1 месяц назад
Буба Бу
1,6 тыс. подписчиков
16 906 просмотров · 1 месяц назад
Добредојдовте во Училницата на Буба Бу 💛 Во оваа епизода Буба и Бу учат за просторните односи НА, ВО, НАД и ПОД. Овие поими не се само зборови кои детето треба да ги научи. Тие му помагаат подобро да го разбере светот околу себе и односот меѓу предметите во просторот. Децата најлесно ги учат преку конкретно искуство, движење, игра и манипулација со предмети. Кога многупати ќе искусат што значи нешто да биде во, на, над или под, постепено почнуваат да ги разбираат овие поими и без конкретен предмет. На тој начин се поставуваат и основите за развој на апстрактното мислење. Најчесто децата почнуваат да ги разбираат овие просторни односи околу втората година, а помеѓу втората и третата година многу деца веќе ги препознаваат и почнуваат да ги користат во говорот и во секојдневната игра. Секако, секое дете има свое темпо на развој и сосема е во ред овие вештини да се појават и нешто подоцна. Но, играта со просторните односи може да започне уште од најрана возраст, многу пред детето да може да ги каже или целосно да ги разбере овие зборови. Уште со бебето можете низ секојдневната игра да именувате каде се наоѓаат предметите и на тој начин природно да го запознавате со овие поими. А најубавото е што за нивно вежбање не ви се потребни посебни играчки. „Стави го мечето НА креветот.“ „Собери ги коцките ВО кутијата.“ „Топката е ПОД столот.“ „Ајде да го летаме авионот НАД масата.“ Продолжете ја Училницата и откако ќе заврши видеото. Користете ги овие зборови во секојдневните ситуации, играјте заедно и дозволете му на детето да ги доживее нивните значења. Реквизити кои Буба ги користи: чаша, боичка, молив, мече (играчка), корпа (кутија), ранче, балон, столче Колку повеќе детето ги доживува овие просторни односи, толку полесно ќе почне да ги разбира и користи. Играта е најдобриот начин за учење, особено кога родителот е дел од неа. Буба Бу е детска содржина создадена со развоен експерт, со цел времето пред екран да биде почеток на играта, а не нејзина замена.