Буба Бу: Училница [ГОЛЕМО и мало]
Буба Бу
0:00 / 0:00
Буба Бу: Училница [ГОЛЕМО и мало]
12 322 просмотра · 2 недели назад
Буба Бу
1,6 тыс. подписчиков
12 322 просмотра · 2 недели назад
Во оваа епизода од Училницата на Буба Бу учиме што е ГОЛЕМО, а што е мало.
Разбирањето на големината е важен чекор во когнитивниот развој на детето. Преку споредување на предмети, детето учи да забележува разлики и сличности, да ги групира предметите според нивните карактеристики и постепено ги развива вештините за логичко размислување, класификација и решавање проблеми.
Поимите „големо“ и „мало“ се меѓу првите спротивности што децата ги усвојуваат. Најчесто почнуваат да ги разбираат помеѓу 18 и 24 месеци, а во периодот од 2 до 3 години сè почесто можат самостојно да ги препознаваат и именуваат во секојдневни ситуации.
Во Училницата на Буба Бу овие поими ги учиме преку едноставни примери, повторување и игра, на начин близок и разбирлив за детето.
По гледањето, продолжете ја играта и дома. Побарајте заедно големи и мали предмети во домот, споредувајте ги и именувајте ги: голема и мала топка, голема и мала чаша, голема и мала играчка.
Секое дете се развива со свое темпо, а новите поими најлесно се усвојуваат кога се повторуваат низ секојдневните ситуации и играта.
Училницата на Буба Бу е серијал од кратки едукативни видеа за дечиња од различни возрасти, создадени како поддршка за детскиот развој и како практична алатка за родителите.